Најголема студија за коронавирусот: Болните и старите се најзагрозени

од Nikola Popovski

Кинескиот центар за контрола и спречување на болести ја објави најголемата студија од избувнувањето на епидемијата на коронавирус, во која болните и старите лица се означени како групи со најголем ризик.

Според студијата, вкупната смртност од „Ковид-19“ е 2,3 проценти, додека во најтешко погодената провинција Хубеи, смртноста е 2,9 проценти, пренесува Би-Би-Си.

Студијата објави дека 80 проценти од случаите со коронавирус биле класифицирани како благи и дека е рано да се каже дали појавата го достигнала својот врв.

Студијата на Центарот опфати 72.314 случаи низ Кина до 11 февруари, вклучително и потврдени, сомнителни и асимптоматски случаи на коронавирус. Највисока стапка на смртност има кај 80-годишните и постари. Нема смртни случаи кај деца до девет години, додека кај возрасни до 39 години стапката на смртност е 0,2 проценти.

Околу 80% од случаите на инфекција се класифицирани како благи, 13,8% како сериозни, а само 4,7% како критични, според Си-Ен-Ен.

За луѓето во нивните четириесетти години, стапката на смртност е 0,4 проценти, во педесеттите години е 1,3%, во шеесеттите 3,6%, во седумдесеттите 8 проценти и се заклучува дека мажите повеќе изложени на ризик, со стапка на смртност од 2,8%, додека кај жените, стапката на смртност е 1,7 проценти.

Постојни болести кои се закануваат на заразен пациент се кардиоваскуларни заболувања, проследени со дијабетес, хронична респираторна болест и хипертензија.

Студијата беше заснована на 45.000 случаи на коронавируси. Во извештајот на кинескиот центар за превенција и контрола на болести до Светската здравствена организација се дава појасна слика за појавата, како се развила и во која насока, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој на прес-конференција изјави дека е рано да се каже дали падот на нови случаи ќе продолжи.

„Секое сценарио е сè уште на маса“, рече Тедрос. Кинеските власти соопштија дека може да го одложат годишниот Национален народен конгрес, што треба да се одржи во март.

Слични содржини