Најголемата корона забава на свет: После неа 260.00 заразени

од Aleksandar Petrovski
219 прегледи

Собир на моторџии во Стурџис, Јужна Дакота, може да ја понесе неславната титула за најголемата корона забава во светот.

Студија на Центарот за здравје, економија и политика при Универзитетот во Сан Диего проценува дека 260.000 нови случаи на инфекција со коронавирус биле регистрирани во месеците по собирот.

Целта на оваа нова студија, чиј број значително се разликува од официјалните податоци на Министерството за здравство во Јужна Дакота, е да утврди колку масовни настани, како што се демонстрациите на БЛМ или предизборните митинзи на Доналд Трамп, влијаат на ширењето на вирусот.
Со помош на податоците од мобилните оператори, научниците ги идентификуваа областите од кои доаѓаат многу учесници на спорниот собир и откриле нови случаи на инфекција пред и по самиот настан.

Овие откритија беа споредени со извештаите на тимот економисти и беше заклучено дека собирот на моторџии го чинеше јавното здравство неверојатни 12,2 милијарди долари.

„Дури и ако Јужна Дакота имаше некои економски придобивки од мото собирот, поголемиот дел од вкупните здравствени трошоци беа на товар на остатокот од земјата“, рече Ендру Фридсон, еден од авторите на студијата.

Гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, остро ја критикуваше студијата. „Овој извештај не е ништо повеќе од напад врз оние кои го користеа своето право за да го посетат Стурџис“, рече таа.

Бројот на случаи на инфекција во оваа студија значително се разликува од бројот пријавен од официјални лица од Јужна Дакота – само 124 нови случаи меѓу оние кои се вратиле од собирот. Разликата дојде кога Јужна Дакота ги следеше контактите додека научниците ги анализираа областите од кои многу луѓе дојдоа на собирот и промените во трендовите по самиот настан.

Слични содржини