Најголемите стравови кај кучињата

332 прегледи

Траумите кои ги преживеале во првите недели од животот оставаат длабоки траги кај кучињата, а понекогаш незаштитените и преплашени кученца подоцна стануваат агресивни и невротични. Иако психологијата на кучињата се уште не е доволно истражена, по нивното однесување може да се види во какво семејство живеат, дали патат и од што се плашат.

Со стрвот не се раѓаат кучињата, туку го стекнуваат. Некоја ситница или наизглед неважно случување за човекот, од кучешка перспектива може да биде страшно. Чувството на загрозеност предизвикува реакција, а најчестите причини за тоа ветеринарите ги сортираат во неколку групи:

– страв од звуци на кои не им го знаат потеклото

– страв од сообраќај

– страв од луѓе и други животни

– страв од ветеринар.

Според ветеринарите, кучињата имаат подобро развиен слух од луѓето, па така слушаат нешто што ние не можеме. Петардите, бучавата, новогодишното слевење често предизвикуваат голем страв кај нив. Сообраќајот автомобилите исто така, особено доколку кучето имало некакво негативно искуство. Стравот од ветеринар може да биде ирационален, сличен на оној кај луѓето од стоматолог.

По однесувањето на кучето може да се види дали е трауматизирано, доволно е да се обрне внимание. Кучињата воите стравови ги искажуваат низ нервоза, склони се кон напади, гризат и ‘ржат. Се случува да побегнат или да се противат на терапијата која треба да ја примат.

Рецептот за надминување на траумите може да се позајми од оној кај луѓето. Сопственикот мора да биде трпелив и да му дава несебична љубов и поддршка на кучето.

Слични содржини