Најгрдата слика издвоена од погребот на патријархот Иринеј

620 прегледи

И додека се поголемиот број на присутни на погребот на патријархот Иринеј, кој пред два дена ја загуби битката со Коронавирусот, носат маска и се обидуваат да оддржат дистанца, Марко Милачиќ, претседателот на Права Црна Гора, судејќи по фотографиите кои се направени утринава, не сака да стави маска.

Како што може да се забележи на фотографијата, Милачиќ од Црна Гора пристигнал за погребот на поглаварот на СПЦ. Меѓутоа, за разлика од присутните на погребот, Милачиќ е фотографиран како стои во внатрешноста на Храмот без маска.

Надлежнте власти во Србија, претходно предупредија и апелираа, граѓаните да ги почитуваат мерките за безбедност и заштита од Ковид 19.

Во Србија во последните 24 часа направени се 16.938 тестирања, а евидентирани 5.774 новозаразени, а битката ја загубија 28 лица.

За потсетување, српскиот патријарх Иринеј ќе биде погребан денес во Храмот Св.Сава.

Милачиќ претходно пак, објави соопштение за смртта на Иринеј.

„Не напушти човекот кој целиот живот го посвети на Бог, црквата и народот, покажувајќи им на сите на тој начин дека тоа е пат на единствената вистина и праведност“, посочи тој.

Слични содржини