Најлесната пица-пита од готови кори, одлична за појадок и вечера

од Elena Daskalova

Нема полесен начин како да имате највкусна пита со пица-фил во домашни услови, која нема да ве чини премногу, а е едноставна за подготовка.

Состојки:

10 готови кори за пита
150 гр сирење
100 гр рендана шунка
100 мл млеко
2 јајца
Кечап
Малку прашок за пециво
Оригано
Масло

Подготовка:

Изрендајте го сирењето или издробете го со вилушка. Додадете го млекото и двете јајца и прашокот за пециво, па измешајте.

Едната кора попрскајте ја со масло, премачкајте со смесата со сирење, ставете од реднаната шунка и додадете кечап и оригано. Завиткајте во ролна и ставете во подмачкана тепсија.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Слични содржини