Најлошите партнери се родени во овие 3 хороскопски знаци: Тешко на жена што ќе се омажи за него

од Vladimir Zorba

Ако вашиот партнер не го даде својот удел во врската, тешко дека врската или бракот ќе бидат успешни.

Сите заслужуваме врски што нè исполнуваат, здрави, возбудливи и помагаат да бидеме подобри.

Не се задоволувајте со врска, ако таа не ви дава ништо и сè треба да правите сами.
Ова се хороскопски знаци кои скоро никогаш не се трудат во врски или брак:

Овен

Ве гледа само кога му одговара. Сè додека одбирате место, правите резервации и тоа не се меша со неговите планови, тој ќе поминува време со вас. Ако нешто (или некој) се снајде подобро, лесно исчезнува од вашиот живот како никогаш да не бил таму. Тој е најважен за себе и секогаш се става себеси на прво место.

Бик

Ако го поканите на настан како шоу, концерт или танц, тој ќе дојде, но ќе лелека за тоа цело време. После тоа, тој ќе се однесува како да ви направил услуга и ќе го искористи тоа за да ве натера да ги правите работите што ги сака. Честопати, со неговото однесување ја наведува својата партнерка да се прашува дали ќе помине подобро во друштво на пријатели или дури и сама.

Лав

Никогаш нема да биде првиот што ќе каже „Те сакам“ и никогаш нема да започне никаков љубовен разговор или да покажува нежност. Тој не сака да изгледа лошо, па затоа ќе одговори кога ќе му кажете дека го сакате, но неговата љубов не е нешто што тој навистина го чувствува длабоко. Ако никогаш не го споменете зборот „љубов“, тој нема ни да го спомене. Изгледа дека ја промашил лекцијата за давање и земање кога станува збор за интимност затоа што воопшто не ги зема предвид вашите потреби.

Слични содржини