„НАЈЛОШО ГРАНАТИРАЊЕ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА“: Азербејџанската армија бомбардирала болница и две згради (ФОТО)

од Nikola Popovski
409 прегледи

Азербејџанската армија повторно го бомбардирала главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт.

Според социјалните мрежи, била погодена воена болница и две големи згради и според извештаите ова е најлошото гранатирање од почетокот на војната. Не е познато дали има жртви.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалирала кон крајот на минатата недела. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за иницирање на конфликтот. На 27 септември, Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека вооружените сили на Ерменија гранатирале места на демаркационата линија во Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници.

Според изјавите на Министерството за одбрана на Ерменија, Карабах бил подложен на воздушни и ракетни напади. Ереван тврди дека Баку започнал офанзива во правец на Карабах.

Во непризнатата република Нагорно Карабах, објавија дека неколку места, вклучително и главниот град Степанакерт, биле подложени на артилериски оган.

Властите прогласија вонредна состојба и мобилизација во Карабах.

Слични содржини