Најмалку 10 лица починаа по силната експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Две моќни експлозии во подрачјето на пристаништето го потресе либанскиот главен град Бејрут, а според првите информации, загинале најмалку 10 лица.

Не е познато што ја предизвикало експлозијата, а на снимките се гледа облак во форма на печурка што се издига над местото на несреќата.

Граѓаните се вознемирени, а според првите информации пожарот, наводно, го зафатил магацинот со пиротехнички средства, по што дошло до експлозија.

Според Би-Би-Си, видеото од местото на настанот покажува голем облак во форма на печурка и разорна детонација што направило голема штета.

Според неофицијалните информации, пристаништето било скоро уништено. Министерството за здравство соопшти дека болниците се подготвени да ги примат повредените, а локалните медиуми пишуваат дека голем број на луѓе се повредени, иако сè уште нема информации за можни жртви.

Според „Раша Тудеј“, втората експлозија се случила додека чадот сè уште се издигал од местото каде што се случило првата. Се чини дека и двата инциденти се случиле на истото место.

Патем, експлозиите се случија пред пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири во 2005 година.

Трибуналот на ОН треба да донесе пресуда на судењето во отсуство на четворица осомничени во убиството со автомобил-бомба на поранешниот либански премиер.

Сите четворица се членови на иранската група Хезболах, која доследно негира каква било вмешаност во смртта на Харири.

Слични содржини