Најмалку 18 лица ранети во руски напад врз Николаев, нови напади и на Одеса

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Најмалку 18 лица се ранети денеска во руски напад врз украинскиот пристанишен град Николаев, објави регионалниот гувернер Виталиј Ким, а властите во Одеса известија за нови напади во тој регион.

Тензиите околу украинските пристаништа на Црното Море ескалираа откако Русија предупреди дека бродовите кои ќе пловат кон нив од денеска ќе се сметаат за потенцијални воени цели, по повлекувањето на Москва од договорот за обезбедување безбеден премин на украинските товари со жито, пренесува „Ројтерс“.

Трикатна станбена зграда е погодена во центарот на Николаев, а службите за итни случаи спасија две лица од урнатините, напиша Ким на Телеграм.

Слични содржини