Најмалку 23 лица погинаа, а 45 се повредени денеска во пожар што избувнал по експлозија на цистерна со гас во фабрика за керамика во Картум, соопшти полицијата.
-Шестмина повредени се наоѓаат во критична состојба, изјави директорот на полицијата, бригадниот генерал Хасан Абдулах.
Британските медиуми, цитирајќи лекарски извори, наведуваат дека меѓу настраданите има работници од различни националности.
До експлозијата на цистерната дошло во текот на испораката на гас за фабриката, наведуваат очевидци, дополнувајќи дека експлозијата била толку силна што цистерната одлетала до блискиот плац.
#Khartoum: A fire triggered by an explosion tore through a factory in the Sudanese capital Tuesday, killing 16 people and injuring dozens, doctors and witnesses said. https://t.co/ceuX8zzqFD pic.twitter.com/EPSudjwswu
— Atlantide (@Atlantide4world) December 3, 2019