Најмалку 30 години затвор за Мијалков, ако му се утврди вина во сите предмети на СЈО

од Vladimir Zorba

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, пред две недели доби 12 години затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување и за уништување опрема „Таргет-Тврдина“. Ова е втора изречена затворска казна за Мијалков од страна на првостепениот суд, откако претходно беше осуден, а Апелација му ја укина затворската казна од 3 години во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. За тој случај повтореното судење е во тек, пишува „Нова“.

Сепак, братучедот на експермиерот Никола Груевски, кој немаше среќа да го следи неговиот пример и да избега од државата, на суд се појавува и за уште неколку други случаи, во кои исто така му се закануваат високи затворски казни, доколку му се утврди вина и биде осуден со затворски казни.

Мијалков е обвинет и осомничен во случаите „Трезор“, „Тортура“, „Титаник 2“, „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Доколку се соберат заедно средните должини на затворските казни за овие дела, заедно со пресудата од 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, на Мијалков му се собираат повеќе од 30 години затвор.

Слични содржини