Најмалку 30 жртви и над 3.000 повредени по експлозијата во Бејрут

од Vladimir Zorba

Многу силна експлозија во близина на центарот на Бејрут уби најмалку 30 лица и повредени над три илјади, изјави либанскиот министер за здравство.

Најсилната експлозија што го зафати Бејрут последниве години го потресе градот толку многу што дел од населението помисли дека главниот град на земјата е погоден од земјотрес. Експлозијата создаде шок-бран што го зафати поголемиот дел од градот, ги разниша прозорците и ги уништи балконите на становите.

Експлозијата се случи во пристанишниот дел на градот. Либанскиот министер за внатрешни работи рече дека во првичните информации се вели дека дошло до експлозија на материјал што бил запленет пред неколку години и бил чуван во пристаништето. Некои зборуваат за експлозија на хемикалии.

Според снимките на социјалните мрежи, најпрво се гледа слаб чад во пристаништето, а потоа многу моќна експлозија го потресе градот.

Оние што снимаа беа фрлени наназад од големата сила на шок-бранот.

Слични содржини