Четириесет луѓе беа повредени во неделата кога дел од подот во еден ноќен клуб на Тенерифе пропадна, а луѓето паднале во подрумот, јавија шпанските медиуми.

Спасувачите дојдоа во Butterfly Disco Club во Адехе околу 2.30 часот кога околу четири метри квадратни од подот се отвориле и направиле дупка кон подрумот во која пропаднале дел од посетителите.
Меѓу повредените се и двајца Французи на возраст од 40 и 38 години, двајца Британци на возраст од 57 и 59 години, 45-годишен Романец, 23 – годишна Белгијка, и други.
„Откако подот пропаднал во дупката паднале двајца посетители во ноќниот клуб“, велат од полицијата.
Видеото постирано од локалната противпожарна служба покажува како пожарникарите се борат со остатоци во подрумот и бараат евентуално затрупани луѓе.
Подрумот не бил во употреба и бил празен во моментот на несреќата.
Клубот е во Плаја де лас Амрикас, популарна туристичка дестинација на шпанскиот остров.
Лоцирани на западниот брег на Африка, Канарските острови лани имаа 13,3 милиони туристи од целиот свет.