Најмладиот има 19 години: Четири нови лица позитивни на коронавирус во Тиквешијата

од Берта Китинска
184 прегледи

Четири нови лица позитивни на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, за МИА утрово потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.


-Новозаболени во Кавадарци се жена на 52 години и 19 годишно момче кои се на домашно лекување и 53 годишен маж хоспитализиран на Инфективното одделение во велешката болница, појасни докторот. Во Неготино, нов позитивен случај е жена на 39 години, која е на домашно лекување.

Се утврдуваат контакти што ги имале, со цел нивна изолација.

Слични содржини