Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна Западна Македонија. Според мерењата на УХМР, во Маврово наврнале 81 литар на метар квадратен, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48.
Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.
Температурите утрово се движеа од 5 во Маврово, 6 Лазарополе, 9 Пожаране, 10 Крушево, Дебар, Тополчани,Претор, Ѓуриште, 11 Охрид, Берово, 12 Скопје, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, 14 Штип, Струмица Дебар, 15 Гевгелија, Дојран и 16 Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.