Најмоќната жена во фудбалот: Одби да се омажи за принц и има неизлечива болест

од Nikola Popovski

Преземањето на Њукасл од инвестицискиот фонд поддржан од саудискиот принц Мохамед бин Салман предизвика огромно внимание во јавноста.

Се верува дека клучната личност во преговорите била Аманда Стејвли, бизнисменка и Британка која веќе посредувала при купувањето на Манчестер Сити, а истото се обидела да го стори и со Ливерпул.

Нејзиниот живот е вистинска филмска приказна во којa толку многу се случило пред таа да стане, според многумина, најмоќната жена во светот на фудбалот.

Таа била близу да стане дел од британското кралско семејство бидејќи била во врска со принцот Ендру кој дури и ја запроси според некои информации.

Сепак, Аманда одбила да стане дел од кралското семејство и наводната свадба била откажана.

„Ендрју е навистина прекрасна личност, но да се оженев со него ќе ја изгубев независноста“, рече таа еднаш.

MANCHESTER, ENGLAND – APRIL 09: The Newcastle United badge and Premier League logo on football shirts on April 9, 2020 in Manchester, United Kingdom. (Photo by Visionhaus/Getty Images)

Нејзиниот втор брак исто така бил загрозен кога било откриено дека боледува од неизлечива болест.

Се омажила за иранскиот бизнисмен Мехрдад Годузи, а пред бракот дознала дека боледува од Хантингтоновата болест, која е неизлечива. Тоа е болест која предизвикува ненадејни промени во расположението, неконтролирани движења на телото, деменција, а ја наследила од нејзината мајка Лин.

„Имам најтрпелив сопруг на светот. Не сакав да се омажам кога дознав за болеста, но тој рече дека не му е грижа и дека ќе најде најдобра можна медицинска помош. Многу го сакам“, рече Аманда еднаш.

Се запишала на факултет на 16 -годишна возраст, но морала да се откаже поради семејни проблеми.

„Кога се запишав на факултет, татко ми Роберт почина од срцев удар, мајка Лин се бореше со Хантингтоновата болест, додека јас имав нарушување во исхраната. Поради тоа, се преселив во приватно училиште во Јорк и ми беше тешко да се едуцирам со голем број мажи. Затоа имав и психолог. Ослабев многу, не знаев како да се носам со сѐ“, рекла Аманда.

На 23-годишна возраст, таа доби заем од 180.000 фунти од банка, отворила свој ресторан каде знаела да помогне како келнерка до четири наутро, и на крајот целиот напор и борба ѝ се исплатија.

Фото: David M. Benett/Dave Benett/Getty Images

Слични содржини