
Јавено е дека напаѓачот пукал најмалку 20 пати.
Турските власти воведоа ограничувања за медиумите при известувањето на нападот врз рускиот амбасадор. Мерката е во име на државна безбедност, за да се избегне паниката и шпекулациите во резултат на непроверени податоци за инцидентот.
Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов им подлегна на раните здобиени во напад со огнено оружје извршен денеска за време на отворање изложба.
Ова е напаѓачот кој пукал 20 пати во телото

Уште три лица биле ранети во нападот со огнено оружје врз рускиот амбасадор во Анкара, јавија турски медиуми. Во зградата каде е изложбениот салон се уште трае пукотницата, јави Си-Ен-Ен Турк.
Турски специјалци го опколиле зградата. На местото на инцидентот пристигнал и министерот за внатрешнир аботи Сулејман Сојлу. Според Си-Ен-Ен Турк, напаѓачот влегол во зградата откако покажал полициска легитимација.
ОБНОВЕНА;РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО АНКАРА Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН, КОГА Е ПУКАНО ВО НЕГО ДОДЕКА ДРЖЕЛ ГОВОР
Некои од медиумите во Турција јавуваат и дека напаѓачот бил член на обезбедувањето на амбасадорот .