Последната снимка потврдува дека Заев нема ама баш никаква поврзаност, тој го пријави случајот и тој е борецот за правда, затоа кон него се насочени “хиените”.
Од последната објавена снимка се слуша еден дел од разговорот каде велат дека Блажо правел контрола на парите, а бил наводно близок на Зоран Заев.
Блажо е човек од врвна институција за вакви случаи и тој правел контроли што е уште една потврда дека Владата преку своите институции контролирала, спроведувала закон и никако не е вмешан во овој случај.
Костадинов: Сите да одговараат, вклучително и тајкуните на режимот и ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)
Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека крајната цел на овие снимки е токму тој да се дискредитира.
Премиерот го пријави случајот во надлежната институција, секојдневно повикува да се расчисти до крај случајот, секој да одговара. Нема да им успее планот на непријателите преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, порача Заев.
Се огласи премиерот Зоран Заев до нацијата – Правдата стапува на сцена, правдата е на потег
Сега е време да се забрза истрагата за се да излезе на површина со цел осомнчените во серијата корупциски предмети од време на режимот, од кои дел и самите се нарекуваат “хиени” конечно да одговараат за своите постапки. Правдата е на потег, веднаш и сега!