– Турските власти отпуштија од работа уште 4.464 државни службеници, согласно новиот владин декрет објавен денеска во Службен весник. Декретот е донесен во рамките на кривичните мерки по неуспешниот воен удар во јули, јави ТАСС.
Најголем е бројот на отпуштените од Министерството за образование – 2585 лица.
По обидот за преврат, властите започнаа големи чистки, при што 40.000 лица беа уапсени, а над 125.000 беа отпуштени или суспендирани, вклучувајќи професори, полицајци, судии, новинари.