Најраните знаци на депресија – некои можат да бидат и суптилни

од Stefanija Kuzmanovska

Проблемите со менталното здравје се во пораст, а еден од најчестите е депресијата.

И додека депресијата влијае на секоја личност различно, постојат некои заеднички карактеристики, и не изгледаат сите онака како што би очекувале, објаснуваат психотерапевтите.

На пример, не плачат постојано сите луѓе кои страдаат од депресија ниту пак се постојано во лошо расположение.

Како што пишува HuffPost, постојат некои посуптилни знаци кои можат да укажуваат на депресија. Тоа подразбира:

– губење или недостаток на енергија

– неможност за фокусирање на одредени работи

– зголемена анксиозност

– изолација од општеството

– занемарување на личната хигиена

– проблеми со спиењето, лицето спие помалку или повеќе од вообичаено

– раздразливост.

Слични содржини