Континуираните борби меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах траат повеќе од седум дена. Засега не е познато колку точно луѓе загинале во конфликтот што влезе во 9-тиот ден, но се стравува дека се убиени десетици цивили, вклучително и деца.
Во Степанекерт, главниот град на Нагорно Карабах, од утрово одекнуваат експлозии. За жал, гранатирани се и други градови во Ерменија и Азербејџан, а во судирите меѓу двете страни повредени се и повеќе деца. Денес, Азербејџан објави видео од момче кое било рането кога шрапнел од експлозивна направа, наводно фрлен од ерменска страна, го погодило во главата.
Лекарите ги извадиле шрапнелите, а потоа ја зашиле раната веднаш над увото. Момчето, кое неутешно плаче на видеото, наводно било погодено во неговиот дом во градот Гања, вториот по големина град во Азербејџан.
https://twitter.com/Just_Requ/status/1313003961092370432
Според официјалните извештаи од Баку и Ереван, од азербејџанската страна се убиени 27 цивили од почетокот на конфликтот за Нагорно Карабах, а 19 од ерменската страна.