Најскапиот југословенски проект и најголемата тајна на СФРЈ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
1,2K прегледи

Интересот за Жељава не опаѓа, љубопитност будат опасните тунели кои се во опасност да бидат срушени, полни со токсични и радиоактивни соединенија.

Кодното име Објект 505, подземниот аеродром в во близина на Бихаќ, меѓу теоретичарите на заговори не престанува да биде популарна тема. Воената база со тунели долги 3.500 метри, широки 20 метри и високи осум метри е најголемиот подземен аеродром на Балканот.

Изградбата започна во 1955 година, а во 1968 година креацијата на Драгослав Соботка беше подготвена за Југославија, пишува „Пун куфер“.

За најскапиот југословенски проект се издвоени милијарди долари со цел да може да собере дури 120 авиони со екипаж и комплетен арсенал оружје, како и огромни залихи на гориво, храна, лекови и се што беше потребно во случај на катастрофа. Со свои извори на електрична енергија и вода, армијата може да преживее еден месец изолирано од надворешниот свет. Военото утврдување е конструирано така што може да издржи атомска бомба.

Жељава се користеше и за време на војната во 90-тите, по што сега претставува само куп бетон опкружен со мински полиња. На почетокот на војната во Босна и Херцеговина, ЈНА одлучи да го уништи подземниот комплекс и во 1992 година постави 56 тони експлозив. Бихаќ се тресеше и грмотевиците од длабочините на Пљешивица најавија катаклизмичка сцена од пламен и чад на хоризонтот.

„Хјустон, имаме проблем“ од словенечкиот режисер Жига Вирц дополнително додаде масло на огнот на Жељава и една од најголемите теории на заговор од Студената војна и Југославија.

Документарецот се занимава со темата како Тито ја продал југословенската вселенска програма на Американците и дека тие ја развиле во најголема тајна во подземјето на аеродромот – со цел да го испратат првиот човек на Месечината. Според таа теорија, Жељава бил најголемиот скриен вселенски центар во Европа.

НАСА решително ја демантираше приказната и потенцираше колку е апсурдно да се верува дека тогашниот претседател Џон Кенеди купил нешто од Југославија, а камоли вселенска програма.

И покрај опасностите од мини, отровни гасови и полицијата, Жељава привлекува авантуристи кои возат по писти и влегуваат во тунели, но и мигранти кои сонуваат за подобар живот. Дали има надеж да стане комплекс за одржување концерти или некои други содржини, ќе дознаеме некогаш, во иднина.

Слични содржини