Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре го прокоментира интересот на голем број европски гиганти кон халфот на „орлите“ Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
СМС, како што е познат Србинот во италијанските медиуми, е поврзуван за преминување во Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но од „Олимпико“ имаат огромни финансиски претензии за 23-годишниот играч од средниот ред.
„Дури не сакам ни да размислувам за неговата цена“, изјави Таре, со што навести дека Римјаните немаат намери да се разделат со Милинковиќ-Савиќ. „Во секој случај, Сергеј не чини помалку од 80-90 милиони евра. Тој е исклучително важен за нас и се уште не го достигнал максимумот во Лацио. Затоа не разгледуваме предлози за него“ додаде поранешниот напаѓач.
Србинот игра на „Олимпико“ од 2015 година, кога беше купен од белгиски Генк. Пред тоа, СМС го носи дресот на Војводина Нови Сад.