Џенифер Лоренс, која неодамна беше прогласена за најскапата актерка во светот веќе втора година по ред, одлучи да ги инвестира своите пари во недвижности.
Ѕвездата на Игрите на гладта, која, според Форбс, заработила 46 милиони долари од јуни 2016 година, неодамна го продаде својот стан во Санта Моника, Калифорнија. Нејзиниот профит е речиси 280.000 долари.
Имотот беше продаден минатиот месец за 1,15 милиони долари. Актерката ја купи куќичката со две спални соби и две бањи за 879.000 во 2006 година, долго пред да освои Оскар за нејзината улога во романтичната комедија “Прирачник на оптимистот” од 2012.
Нејзината сегашна куќа се чини дека е посоодветна за нејзината кариера. Во 2014 година, актерката плати повеќе од 7 милиони долари за стан од 5.500 квадратни метри и пет спални во Беверли Хилс со сала, гастрономска кујна и вештачко езерце.
Сега, според гласините, Лоренс гледа имоти во Менхетен. Според “Њујорк пост”, таа неодамна разгледала двособен мезонет во Трибека, кој е со цена од 17,49 милиони долари и може да стане најскапата инвестиција досега.