387
Откако властите во Кипар го ставија под контрола смртоносниот пожар, најлошиот во историјата на земјата, во кој загинаа четири лица, уапсен е 67-годишен маж под сомнение дека го подметнал пожарот.
Силен ветер го распламти пожарот на југот на земјата, поради што беа евакуирани неколку села, додека четворица египетски земјоделци, чие исчезнување беше пријавено кога пламените јазици им го уништиле автомобилот, ги загубија животите.
Претседателот Никос Анастасијадес го опиша пожарот како „трагедија“. Тој рече дека ова е „најголемиот пожар од 1974 година“.