Најстудено во Берово со минус 19 степени, најмногу снег на Попова Шапка

од Nikola Popovski
336 прегледи

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено било во Берово со -19 степени.

И во другите градови се измерени температури под нулата, па така во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, Тетово -9, Прилеп, Куманово и Виница -8, во Дебар -7, Скопје и Дојран -6 и во Гевгелија се измерени -5 степени.

„Најмногу снег има на Попова Шапка каде висината на снежната покривка е 55 сантиметри, во Маврово е 40 сантиметри, а два сантиметри помалку снег има во Крушево. Снег има и во останатите градови низ државата“, велат од УХМР.

 

Слични содржини