Најстудено во Битола минус 11, најмногу снег во Маврово

од Nikola Popovski
343 прегледи

Најстудено утрово е во Битола со-11 степени, во Тетово и Дебар се измерени-8, во Прилеп-7, Струмица-6, Берово, Штип и Демир Капија-5, Охрид-3. Над нулате е во Скопје и Куманово со три степени, Велес и Дојран четири и Гевгелија со седум степени, соопшти УХМР.

Најмногу снег има во Маврово 18 сантиметри, Дебар 15, Битола 14, Берово 11, Попова Шапка и Крушево по 10 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени

Слични содржини