На социјалните мрежи е објавена фотографија од млада жена која како пожарникарка со денови учествува во гаснењето на разорните пожари во Грција. На фотографијата таа седи во шума и плаче, што покажува до колкав степен е катастрофата во која се наоѓа Грција.
Фотографијата е објавена на страницата „Forecast Weather Greece“, заедно со пораки со охрабрување за сите пожарникари, Грци и туристи кои минуваат низ пеколот.
На сликата се гледа жена пожарникар која седи на земја и плаче, а зад неа се извива чад.
Не е познато каде е направена фотографијата, но ја направил Јанис Јоанидис.
Токму оваа сцена предизвика многу реакции на социјалните мрежи, каде сите им даваат поддршка на пожарникарите.
Во Грција во моментов горат над 80 шумски пожари, а ситуацијата е најкритична на Родос.