Најтешко повредената патничка од превртениот автобус пренесена во болница во Ниш

од Aleksandar Todeski
359 прегледи

Најтешко повредената патничка од автобусот со македонски регистарски таблички кој утрово се преврте во Србија е пренесена во болницата во Ниш.

Од 26-те повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобусот се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, во болницата во Прокупље се згрижени 16 пациенти, информираат од МНР, повикувајќи се на дежурните лекари во болницата.

Сѐ уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите се надвор од животна опасност.

Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување. Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија.

Од МНР информираат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.

Слични содржини