Најубаво изненадување за Денот на вљубените: Роби Вилијамс стана татко по четврти пат

Пејачот Роби Вилијамс и неговата сопруга Ејда Филд го добија своето четврто дете.

Парот не откри јавно дека очекува дете, туку сега, кога бебето веќе се роди, објави дека стигнало „најубавото изненадување“. Вилијамс неодамна зборуваше за борба со анксиозноста, агорафобијата и тешката одлука да престане да пуши.

Ејда соопштила дека добиле момче, кое го добило името Бо Бенедикт Ентовен, а на свет го донела истат сурогат мајка која ја родила и нивната најмлада ќерка.

„Конечно сме комплетни“, напишала таа со фотографијата.

Роби и Ејда ја имаат седумгодишната ќерка Теди и петгодишниот Чарлс, а по двете бремености Ејда имаше бројни здравствени компликации, па најмладата ќерка КОко (2) на свет ја донесе сурогат-мајка.

Слични содржини