„Најважно е сите во Северна Македонија да застанат зад европската иднина“

од Берта Китинска

Денеска продолжува објаснувачкиот состанок за Поглавје 24, Правда, слобода и безбедност.Во насока на обезбедување инклузивност на процесот, споделувам линк на кој ќе може да се следи состанокот, информирше на својот Фесјбук профил, вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Следната недела продолжуваат состаноците за поглавје 23 „Правосудство и темелни права“. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји упати порака дека сега е најважно сите во Северна Македонија да застанат зад европската иднина на земјата и да помогнат во процесот на преговори.

Вархеји, на средбата вчера во Брисел со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ разговарале за процесот на скрининг на земјава со ЕУ, како и следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Северна Македонија.

– Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската перспектива на Северна Македонија. Сега е најважно да сме фокусирани на реформите и да останеме на европскиот пат. Тоа е наша обврска и задача која им ја должиме на граѓаните, да обезбедиме просперитет и напредок на земјата, рече Маричиќ на состанокот.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Унијата, го брифираше еврокомесарот за проширување Вархеји за скрининг состаноците и за подготовките за билатералниот скрининг, како и за посветеноста и мотивацијата која ја имаат институциите на земјава за процесот.

Еврокомесарот Вархеји на Маричиќ му посака успешен скрининг и испрати порака да останеме силно посветени на европската реформска агенда, како и на градењето на добрососедски односи со Бугарија и напредокот во исполнувањето на обврските од страна на двете држави.

Вархеји потенцираше дека сега е најважно сите во Северна Македонија да застанат зад европската иднина на земјата и да помогнат во процесот на преговори со Европската Унија, додавајќи дека тоа е процес кој е важен за иднината на државата и процес кој носи подобар живот за граѓаните.

Слични содржини