Највозрасниот пратеник да ја води седницата и да се избере преседавач до именување на претседател на Парламентот

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Пред денешната конститутивна седница на  Собранието на РМ и разногласијата на координациите за истата, лидерот на Демократскиот сојуз, и долгогодишен пратеник Павле Трајанов бара  согласно Уставот на РМ, Законот и Деловникот за работа на Собранието со денешната седница да претседава највозрасниот пратеник.

Тоа е уставна и деловничка  одредница  и досегашна утврдена пракса,вели Трајанов за Локално.мк.

Седницата е закажана од претседателот на заминување Трајко Вељановски и тој нема никакви други надлежности и овластувања и сосема е логички, дека со истата треба да претседава највозрзасниот  пратеник од новиот состав,  а до колку се откаже сод  седницата ,раководи следниот по возраст пратеник.
Погрешна е логиката ако на 21 ден ја  свикал конститутивна седница највозрасниот пратеник и тој да преседава, да се применува истото правило и за поранешниот перетседател затоа што тој ја свикал , тој и да ја раководи.
Поради ова нема потреба од надмудрувања и глумења патриотизам , порачува Трајанов,  туку поранешниот претседател да си седне каде што седат сите пратеници, и да го отстапи местото на претседавачот.
До колку  и натаму има кршење на Уставот, тогаш по верифиакција на мандатот на пратениците, мнозинството пратеници треба да изберат или претседател на Собранието, или претседавач,  но  тоа  треба да се случи на истата седница во текот на денешниот ден, за да се осуетат какви било сценарија за блокада на Парламентот.