Намален е бројот на прием на пациенти со Ковид – 19

од Берта Китинска
290 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица се хоспитализирани 17 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, во Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

Слични содржини