375
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва од митинг на партијата во скопската општина Карпош информира дека е намален јавниот долг на државата.
-Од 64,4 на 60,6 проценти. Тоа се 3,8 %. Секаде расте, а само кај нас е паднат. Ова е различно од дуплирањето на јавниот долг за времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и давањето пари за жални врби, палми, спомениици, галии, огради. Апсолутно сме различни, потенцира Заев пред присутните граѓаните.