Членовите на албанската влада и пратениците ќе добијат половина од платата додека не се заврши борбата против коронавирусот, рече премиерот Еди Рама.
Тој додаде дека засега нема да ја скрати платата на никој друг, пренесува Танјуг, повикувајќи се на агенцијата АТА.
„Како план А, сакав да воведам некаков вид задолжителна донација за сите оние кои заработуваат повеќе, како на пример оние во големите компании или оние кои имаат високи плати во јавниот сектор, но сфатив дека ова ќе се гледа на погрешен начин и тоа би било погрешно протолкувано во медиумите бидејќи државата се бори да ги исплати платите“, рече Рама.
Две лица починаа
Бројот на зарзени со коронавирус во Албанија во четвртокот се зголемил на 64 лица, соопшти Министерството за здравство во земјата. Две лица починале од вирусот.
Институциите во Албанија презедоа голем број мерки против ширење на коронавирусот, како што се затворањето на образовните институции, забраната за влез од соседните земји, суспензијата на летовите, суспензијата на градскиот превоз и ограничувањето на движењето на граѓаните.