„Намалете го малку ентузијазмот“: Захариева му упати пријателски совет на Петков

од Берта Китинска
277 прегледи

Само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и С. Македонија во последните години се потпишани три меморандуми. Ова од собраниската говорница на бугарското Собрание го кажа поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кон премиерот Кирил Петков кој денес пред пратениците реферира за македонско-бугарските средби.

Захариева нагласи дека се потпишани најмалку 20 меморандуми, но повеќето од нив остануваат на хартија и не се реализирани од нашата земја.

– Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете летвата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате, рече Захариева и додаде: „Ова е пријателски совет, а не непријателски“.

За документите потпишани со С. Македонија, Захариева нагласи: „Да видиме што ќе следи од нив“.

Петков се согласи дека само „подготвивме, направивме, потпишавме не е добар начин за односи со С.Македонија“.

Слични содржини