Наместо да ја кодошат својата земја во Брисел, за прв пат да направат државнички потег, им порачаа СДСМ на ВМРО

од Vladimir Zorba
380 прегледи

„Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина. Таа шанса сега треба да ја искористиме, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата“, соопштија утрово од СДСМ.

„Сега на потег се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ – наместо да ја кодошат својата земја во Брисел за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука, а тоа е членство во ЕУ.

ДПМНЕ немаат поддржано ниту една стратешка одлука за земјата, ниту членството во НАТО, ниту, почетокот на преговорите со ЕУ, од опозициската ДПМНЕ, а кога беше гласањето за Договорот ФРОНТЕКС воопшто не беа ниту во Собранието.

Сега, Мицкоски и ДПМНЕ имаат единствена шанса да се престројат на страната на државните и национални интереси и истата треба да ја искористат, за заеднички да оствариме стратешка определба – полноправно членство во ЕУ“, се додава во соопштението.

Слични содржини