Мајка во Скопје, секој ден e под закани да ѝ го одземат четиригодишното дете и да го дадат на неговиот имотен татко, кој има пресуда за семејно насилство, а претходно го има грабнато детето и казнет е за лажно пријавување на мајката. Како што објави „А1.он“, тоа е така затоа што судот во Охрид од каде што е таткото, а потоа и во Апелациониот суд во Битола, која е блиску до Охрид, на чело со судијката Жаклина Доведен одлучија дека иделаниот родител кој треба да биде старател на детето по разводот е токму таткото.
Овој случај полн со небулози, низа сомнителни искази, апсурдни образложенија, бара внимание и инволвирање на државата и целата јавност за да се спречи голема неправда како за мајката, но и за четиригодишно дете кое по се изгледа се жртви на корумпираниот систем.