Француската модна компанија Луи Витон, поради недостигот на антибактериски и антисептички гелови во државата, наместо парфеми, ги произведува токму нив.
Тие го промениле производството уште пред некој ден, бидејќи сметаат дека на таков начин ќе помогнат во кризата во која се најде Франција откако коронавирусот зеде најмалку 120 животи.
Луи Витон ќе ја прилагодат производната линија за парфеми во погон каде ќе се произведуваат антисептичките гелови. Компанијата LVMH произведува парфеми за Диор, Аква ди Парма, Фенти, Живанши, Герлан, Мезон Франсис Куркџијан, Кет вон Д веган бјути и уште неколку други.
Сите овие брендови најавија привремен недостаток на одредени парфеми од нивните линии, поради одлуката производството да биде привремено запрено, за да може LVMH да се посвети на снабдување на населението со доволни количини на дезинфекциски гел.