Наместо вистински животни, публиката во овој циркус гледа холограми

од desk2
185 прегледи

 

Во последните неколку години циркусите, кои некогаш беа сметани како Најзабавното шоу на лицето на Земјата, се соочуваат со многу критики поради бруталниот живот со кој се соочуваат животните кои живеат во нив. Сега, еден германски циркус реши да се ослободи од насилството и суровоста над животните, со тоа што наместо вистински, на публиката им нуди холограмски животни.

Циркусот Circus Roncalli направи „магија“ за публиката, кога им ги покажа новите холограми во облик на животните кои порано беа дел од стандардната програма на циркусот. Тридимензионалните холограми ги заменуваат вистинските животни, кои повеќе не се дел од Circus Roncalli.

Уште подобро – холограмите можат да бидат уште поголеми отколку природната големина на животните кои ги претставуваат.