Наместо затвор, македонски државјанин во Србија уплатил 100.000 динари во хуманитарни цели

од Nikola Popovski
456 прегледи

22-годишен државјанин на Македонија е уапсен за неовластено поседување дрога и психотропни супстанци, која српската полиција ја запленила при претрес на граничниот премин Прешево.

Тамошната полиција кај патникот открила 3,17 грама марихуана.

По приведувањето и распитот во Основното јавно обвинителство Врање, наместо гонење за кривично дело „неовластено држење дрога и психотропни супстанци“, младиот човек морал да уплати 100.000 динари во хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна.

Слични содржини