Запад до сега не соопшти врз што базира сомнежи за Рускиот хуманитарен центар крај Ниш и дека станува збор за шпионски центар, но шпекулира дека со тајно увезена опрема се набљудува регионот и посебно базата НАТО во близина на Урошевац во Косово.
Исклучителен мир за необичен ден во кој 200 километри кон север, кон Белград американски и српски воени падобранци одржуваат заедничка воена вежба – Зима 2018.
Вјачеслав Влашенко руски претставник за јавни односи во тој центар изгледа безгрижно додека западни агенции известуваат дека вежбата предизвикува бес на Кремељ. Иако Запад тврди дека Москва се обидува да направи се за јакнење на воените врски со Белград прашањата до Влашенко не покренуваат кај него негодување.
Тој вели: – Не сме војници, ние сме хуманитарци, а тоа таму е воена вежба. Ние не учествуваме во воени вежби. Не знаеме дали таков цврст ултиматум е поставен пред властите во Србија, но добро е познато кои се желбите на Кремељ, а кои на Брисел и Вашингтон.
Кодиректорите на центарот Бојан Гламочлија и Виктор Гуљевиќ, за нив мистериозните приказни се отфрлаат и пропуштаат екипата на НИН да ја отвори вратата на секоја канцеларија во сосема наизлгед скромно опремената зграда со неколку простории.
Сепак, Запад не отстапува од своите анализи кои укажуваат дека центарот во Ниш е одговор на експанзијата на НАТО во регионот на Балканот како и дека доаѓањето на Русите ги вознемири нашите соседи, Бугарија, Романија и Унгарија кои со „години страдале под железната тупаница на комунизмот“ во Втората светска војна.
Американскиот Асошијетед прес уште минатата година известуваше дека навистина станува збор за воена станица.
Оваа база на Кремљ ќе биде прва во Европа надвор од поранешниот Советскиот Сојуз после колапсот на Варшавскиот договор во почетокот на 90-тите години.
Гламочлија кој претходно работеше во Секторот за вонредни состојби на МУП Србија, рече дека за две годни успеале да ја урнат таа завеса обвиткана околу центарот и го повлечат сомнението дека се шпиони, тајна воена база на Кремљ.
„Зборуваа дека шириме руска мека сила. Тоа не е вистина. Да е така овде, на обука не би доаѓале горски служби за спасување, извидници, спелеолози, колеги од Хрватска, Унгарија, Европската асоцијација спасители“.
Во Центарот моментално има 20 луѓе од кои три спасувачи на чекање смена од Русија.
Како поранешниот претседател, Томислав Николиќ и Гламочлија мината година е одликуван во Москва со руски Орден за храброст за меѓународна соработка. Тој рече дека центарот со кој раководи се финансира од рускиот и српскиот фонд и дека во мисијата дежураат луѓе, хеликоптери и авиони подготвени за трансфер до Србија во рок од два часа. Токму овој факт го плаши Брисел и Вашингтон и ги загрева тврдењата за продор меѓу Москва на Балканот.
Меѓу другото, доколку станува збор само за хуманитарен центар, зошто Русија инсистира на посебен статус?
Освен братската православна поврзаност, има малку преостанати одговори на прашањето зошто Русија ја одбра токму Србија како единствен пункт на овој вид не само во регионот, туку и надвор од своите граници.
– Не можеме да испратиме четири илјади луѓе. Се оди официјално преку Владата. Српската Влада бара помош, центарот одредува технички дел од барањето. Никој од персоналот не може да пристигне а претходно Владата на Србија да не го побарала од Владата на Русија, нагласува Гуљевиќ.
После неодамнешната посета на военото аташе од Американската Амбасда беше соопштено дека нејзини претставници не виделе ништо што би наведувало на потреба да добијат дипломатски статус.
– Ако ние кажеме дека ова е зелено тие ќе речат дека е црвено. Мора да се распрашаме зошто во американската Амбасада рабоат 400 луѓе, 80 дипломати и 320 луѓе технички персонал, што е нивната работа бидејќи во руската Амбасада работат 80.
Неговите наводи дека во базата на Косово има неколку илјади војници а во центарот само 20 цивили одат во насока на правдање дека до пролет оваа година во тие простории работеле уште три српски ИТ компании кои се занимавале со трговија. Вели дека не е логично шпиони да работат со трговци. Нагласува дека центарот има добра соработка со држави во регионот и оти сите тие се земји – членки на НАТО.
Кои се руските претставници во центарот?
Влашенко работел во Министерството за вонредни ситуации во Русија во секторот за меѓународни односи. Олег веќе 27 години работи како спасувач. Убедени се дека станува збор за политички инсинуации и велат дека Русија има широки раце но не се семоќни и оти идеологијата на Путин е давање рака на двете страни. Една кон Америка, друга кон Србија.
НИН