Намирница која помага побрзо да заспиете, научниците се согласуваат дека делува

од Stefanija Kuzmanovska
850 прегледи

Луѓето кои имаат проблеми со спиењето веројатно испробале бројни трикови, но не и грицкање ананас.

Бројни корисници на социјалните мрежи наведуваат дека ова овошје им помага полесно да заспијат, а научниците велат дека тоа има смисла.

Ананасот е една од намирниците што природно може да го зголеми нивото на мелатонин, хормон чие ниво расте навечер за да ни помогне да заспиеме.

„Се покажа дека консумирањето ананас или пиењето свеж сок од ананас пред спиење ги зголемува маркерите на мелатонин до 266 отсто. Ананасот содржи мала количина на аминокиселина наречена триптофан, која има смирувачки ефект“, вели експертот за спиење Макс Кирстен.

Овој експерт своите изјави ги базира на студија од 2013 година, која покажала дека бананите, кои го зголемуваат нивото на мелатонин за 180 отсто, се корисни и за оние кои имаат проблеми со спиењето. Според WebMD, за добар сон придонесуваат и црешите, јајцата, масната риба, ф’стаците и бадемите.

Слични содржини