Кардиолозите редовно зборуваат за негативните ефекти кои лошата исхрана ги има врз здравјето на срцето на нивните пациенти.
И додека повременото уживање во одредена не толку здрава храна е во ред, претераното уживање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.
Според Lifespan, кардиолозите составиле листа на намирници кои не треба да ги јадеме поради здравјето на срцето, а и тие исто така ги избегнуваат. Тоа се:
-црвено месо
-сланина, виршли и други месни производи
-помфрит и друга пржена храна
-слатки пијалоци
-маргарин
-житарки од кутии
Тие велат дека оваа храна содржи големи количини на заситени масти, холестерол и сол, како и рафинирани шеќери. Сето тоа се состојки кои се штетни пред се за здравјето на нашето срце, но и за многу други органи во телото.
Исто така, истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат 17 до 21 отсто од калориите од додадени шеќери имаат 38 отсто поголем ризик од смрт од срцеви заболувања во споредба со оние кои ги консумираат овие состојки умерено.