Намирници кои можат да ви помогнат да се откажете од цигарите

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Голем број луѓе во светот се зависници од никотин. Ефектот на никотинот во мозокот може да влијае на краткорочните функции на мозокот, но и да ги стесни крвните садови, да го зголеми крвниот притисок и да го наруши здравјето на срцето.

Иако постојат многу медицински производи како што се фластери и гуми за џвакање кои можат да ви помогнат да се ослободите од никотинот, постојат и некои секојдневни намирници кои можат да ви помогнат да се изборите со оваа зависност.

Тоа е затоа што некои овошја и зеленчуци содржат мали количини на никотин. Но, тие не можат да помогнат со непосредните желби што ги чувствувате кога се обидувате да се откажете од пушењето.

Студијата објавена во списанието Nicotine and Tobacco Research покажала дека меѓу 1.000 пушачи оние кои јаделе најмногу овошје и зеленчук имале три пати поголеми шанси да се откажат од пушењето најмалку 30 дена пред оние кои јаделе најмалку.

Компир
Еден компир може да содржи околу 15 микрограми никотин. Зелените компири содржат поголема концентрација на никотин, но бидејќи не се зрели не се најдобри за консумирање.

Карфиол
Карфиолот не е често на листата на омилен зеленчук, а всушност содржи помали количини на никотин. Тие содржат околу 16,8 микрограми никотин.

Зелена пиперка
Зелената пиперка често е составен дел од различни јадења, а одлично оди со тестенини, зачинета храна и салати. Иако тоа е само мала количина, зелената пиперка дневно може да содржи помеѓу 7,7 и 9,2 микрограми никотин.

Домати
Незрелите домати обично содржат поголема концентрација на никотин, но како што созреваат концентрацијата има тенденција да се намалува. Домат со просечна големина содржи приближно 7,1 микрограми никотин.

Слични содржини