Начинот на кој го започнуваме денот може да има големо влијание на нашата состојба, но и на нашето расположение во текот на денот.
Познатата нутриционистка Руџита Дивекар вели дека денот никогаш не треба да започне со чај и кафе, пренесува „NDTV“.
Ова може да биде шок за оние кои едноставно не можат без утринска шолја чај или кафе откако ќе станат од кревет, а за некои луѓе овие пијалоци помагаат дури и при редовно празнење на дебелото црево.
Меѓутоа, за многу други, чајот или кафето на празен стомак може да резултира со непријатни киселини, мачнини и дехидрација, предупредуваат експертите.
Според нутриционистот Дивекар, најздрав начин да го започнете денот е да изедете грст бадеми или некои други јаткасти плодови на празен стомак.
Потоа може да следи чаша млака вода, па дури потоа препорачува шолја чај или кафе.
Но, има и намирници за кои тврди дека не треба да се консумираат на празен стомак, а тоа се:
– газирани пијалоци
– зачинета храна
– ладни пијалоци
– суров зеленчук
– цитрусно овошје
Сега кога имате список на непожелни намирници за јадење на празен стомак, време е да размислите со што ќе го започнете денот.