Намирници кои треба да ги избегнувате ако имате висок крвен притисок

од Stefanija Kuzmanovska
587 прегледи

Луѓето со висок крвен притисок треба да бидат внимателни кога станува збор за консумирање сол.

Професорот д-р Џерард Кар-Вајт од болницата „Лондон Бриџ“ укажа на храната која луѓето со висок крвен притисок треба да ја избегнуваат.

„Појадокот богат со сол, вклучително и високо преработеното месо, како што се сланина и колбаси, треба да се избегнуваат“, рече професорот.

Тој додаде дека ова е важно затоа што е познато дека солта е значаен фактор за зголемување на крвниот притисок и треба да се намали за секој кај кого е дијагностицирана хипертензија.

Исто така наведува дека треба да се избегнува оброк како сендвич од бел леб со шунка и кашкавал со помфрит, бидејќи таквиот оброк содржи голема количина сол.

Кар-Вајт додаде и риба со помфрит, пици и готови оброци на листата на намирници „кои треба да се избегнуваат“, бидејќи содржат голема количина на сол.

„За многу луѓе високиот крвен притисок нема никакви симптоми, но го зголемува ризикот од срцев удар и мозочен удар“, истакна тој, додавајќи дека „затоа е важно да се живее здрав живот со вежбање и урамнотежена исхрана за да се спречи појава на висок крвен притисок“.

За да знаете каков е вашиот крвен притисок, Кар-Вајт предлага домашен мерач на крвен притисок.

„Тоа би можело да биде многу корисно бидејќи ќе можете да го проверите вашиот крвен притисок во секое време без да одите на лекар“, рече тој, додавајќи дека не би било лоша идеја од време на време да го посетувате вашиот општ лекар за проверка на крвниот притисок за да бидете сигурни дека вашиот апарат работи исправно.

Слични содржини