Намирници кои треба да ги избегнувате доколку имате висок крвен притисок

од Stefanija Kuzmanovska
455 прегледи

Храната која ја внесуваме во нашето тело може да има големо влијание врз нашиот крвен притисок, а Американското здружение за срце (АХА) советува дека во случај на висок крвен притисок, треба да консумираме што повеќе овошје, зеленчук, протеини и храна од цели зрна.

Од друга страна, експертите препорачуваат и избегнување или барем значително ограничување на внесот на некоја друга, не толку здрава храна, пренесува Healthline.

Намирници кои луѓето со висок крвен притисок треба да ги избегнуваат се:

-сол
– замрзната пица
– кисели краставички
– конзервирани производи
– млеко и млечни производи
– црвено месо
– путер
– алкохол

Како што објаснуваат експертите, секоја од овие намирници придонесува за дополнително зголемување на крвниот притисок, што може да доведе до бројни несакани последици.

Имено, високиот крвен притисок или хипертензија погодуваат дури 47 отсто од возрасните во САД, а доколку не се препознаат навреме, со текот на времето може да предизвика здравствени проблеми, вклучувајќи болести на срцето и циркулаторниот систем, како и мозочен удар.

Слични содржини