Намирници богати со витамин Ц: Еве што да вклучите во вашето дневно мени

од Stefanija Kuzmanovska
723 прегледи

Како што знаеме, главната функција на витаминот Ц е производство на колаген, главниот протеин во телото. Витаминот Ц е исто така важен за зајакнување на имунитетот, помагајќи да се залечат раните и другите повреди на кожата како што се модринки. Помага и во апсорпцијата на други хранливи материи. Ова се сосема доволни причини да ги вклучите во дневното мени намирниците кои го содржат овој витамин, а еве кои се најдобриот избор.

Намирници богати со витамин Ц

Пипрака бабура
Пиперките содржат 150 милиграми витамин Ц, а освен тоа, богати се и со витамин А, калиум, фолна киселина, витамини Е и К.

Портокал
Ова овошје е најпопуларен извор на витамин Ц, а еден портокал со средна големина содржи до 70 мг од овој витамин.

Кељ
Една шолја кељ содржи околу 85 мг витамин Ц, а освен тоа овој зеленчук е богат со витамини А и К, како и со фолна киселина.

Брокула
Тешко е да се негираат сите здравствени придобивки од овој зеленчук, а една шолја содржи околу 88 мг витамин Ц. Сепак, брокулата содржи и влакна, протеини и калиум.

Домати
Уште еден добар летен сезонски извор на витамин Ц. Еден среден домат ќе ви обезбеди 80 мг од овој витамин.

Јагоди
Многумина не се свесни дека оваа бобинка е одличен извор на витамин Ц. Една шолја содржи дури 80 мг од овој витамин.

Киви
Со консумирање на две киви дневно, ќе внесете околу 130 милиграми витамин Ц.

Ананас
Една чаша од ова сочно овошје ќе му обезбеди на вашето тело околу 90 мг витамин Ц. А ова овошје е познато по своите антиинфламаторни својства.

Слични содржини