Зголеменото ниво на холестерол во крвта е еден од главните фактори на ризик за развој на васкуларни и срцеви заболувања, но малите отстапувања од граничните вредности на овој параметар во крвта може успешно да се коригираат со правилна исхрана.
Одредени намирници, доколку се консумираат редовно, може да доведат до намалување на нивото на холестерол без лекови.
ТЕМНО ЧОКОЛАДО
Додавањето на малку темно чоколадо во вашата редовна исхрана би можело да му користи на вашето срце. Истражувањата покажаа дека флавоноидите присутни во темното чоколадо можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Сепак, не е добро да се јаде премногу чоколадо, бидејќи често е богато со шеќери, што може негативно да влијае на здравјето на срцето. Најдобро е да го ограничите дневниот внес на темно чоколадо на една помала порција и да го изберете она што содржи минимум 70 отсто какао. Ваквите чоколади обично содржат помалку шеќер и масти.
АВОКАДО
Ова зелено овошје содржи многу здрави мононезаситени масти и диетални влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.
ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Тие содржат многу хранливи материи, вклучувајќи здрави масти, влакна и антиоксиданси. Преглед на три големи студии покажува дека луѓето кои јаделе повеќе јаткасти плодови имале помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни заболувања.Оревите се особено добри за здравјето на срцето бидејќи содржат многу важна омега 3 масна алфа-линоленска киселина која е поврзана со намален ризик на кардиоваскуларни болести, како што се срцев удар или мозочен удар.
ГРАВ
Освен што е добар извор на растителни протеини и минерали како што се железо и магнезиум, гравот е извор на влакна, а особено е богат со растворливи влакна кои се раствораат во вода и создаваат материјал сличен на гел додека минува низ дигестивниот тракт и на тој начин телото ослободува маснотии.